Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Семејства од месната заедница „Панче Пешев“ добија пакети со основни прехранбени продукти, сувомеснати производи, безалкохолни пијалоци и други неопходни намирници.
Помошта ја обезбедија соседите и дел од раководството на месната заедница, по повод празникот Велигден.
„Им помогнавме на нашите соседи кои се во тешка економска состојба. Ова е мала помош, но се надеваме дека барем малку ќе им го разубави прославувањето на големиот празник. Планираме да продолжиме со акцијата, да помагаме и да вклучиме што поголем број донатори“, изјави Бобан Кипријановски, член на месната заедница.
Ова е втора година по ред како се организира ваква акција, откако минатата година за кратко време беа собрани средства и обезбедени неопходните продукти.
Од раководството на МЗ „Панче Пешев“ упатија благодарност до сите членови и соседи кои придонесоа за успешна реализација на акцијата.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk