Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Седумнаесет предлози за ноемвриска награда ќе се најдат денеска пред членовите на Комисијата за доделување на награди и признанија и одбележување на празници и манифестации, при Советот на Општина Куманово.
На состанокот, советниците ќе одлучуваат кој од предложените правни и физички лица постигнал најголеми резултати и ја афирмирал општината за да го понесе највисокото општинско признание.
Како што дознаваме предложени за ноемвриски награди се: Божана Трајковка писателка, Верица Петровска, поетеса, Јовица Стојчевски, Рамо Рашидовски, култура, Милош Ранчиќ, спортист-атлетичар, Филип Колевски, тренер-атлетика, Сашо Илиевски спортист-борач, Никола Томовски- тенисер, Неџат Акифи,новинар, Мирослав Крстевски, директор КУД „Панче Пешев“, Ваит Саити, директор во ЈП Македонски шуми, Фото клуб Куманово, Кумановски акцијаши, Радио БУМ, ЈП „Македонски шуми“, Јоцо-турс, Здружение за грижа и воспитување на деца.
Кандидатите се предложени лично, од група граѓани или здруженија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk