Кој стопанисува со деловните објекти на општината ?

03.07.2013 12:06 | KumanovoNews

На денешната седница на Советот на Општина Куманово наменета  за советнички прашања, советникот од ВМРО - ДПМНЕ Мирослав Стојановски го праша градоначалникот кој стопанисува со деловните објекти кои се во сопственост на Општина Куманово. 

Кој стопанисува со деловните објекти на општината ?

Со колку деловни објекти располага општината, кој стопанисува со нив, по кои критериуми и која е киријата за нив? Имаме сознанија дека луѓе блиски до раководството на СДСМ ги имаат добиено овие објекти - рече Стојановски. 

Градоначалникот Зоран Дамјановски одговори дека деловните објекти се во поранешниот Занаетчиски дом во центарот на градот, а со нив стопанисува ЈП“Куманово паркинг“ . 

Киријата ја прима ова јавно претпријатие. Цената е врз основа на договори за закуп од пред 8 или 10 години и се движи помеѓу 8 и 10 евра по метар квадратен. Одговорно тврдам дека ниту еден од СДСМ нема закупено простор таму. Не знам на кого алудирате. Тоа се стари, затечени договори - изјави Дамјановски. 

Тој појасни дека најтазе договор за закуп е склучен во 2004 година со бутик сместен во овој комплекс.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk