Кокино ќе биде презентирано во Италија и Франција

25.08.2015 09:13 | KumanovoNews

Опсерваторијата Кокино е дел од знаменитостите кои  Управата за културно наследство ќе ги промовира на саемите во Италија и Франција, во ноември годинава.

Кокино ќе биде презентирано во Италија и Франција

На претходните саеми странците покажале голем интерес за посета на Кокино.

Археолошкиот локалитет Кокино ќе биде еден од локалитетите кои ќе бидат презентирани оваа година. На ланското претсатвување во Салерно, Италија, странските археолози посебно покажаа интерес за оваа праисториска опсерваторија. Црквата Св. Ѓорѓи од Старо Нагоричане како и другите средновековни цркви од цела територија на Македонија се исто така интересни за странската публика - велат од Управата за заштита на културно наследство.

На саемите ќе бидат презентирани црквите, манастирите, Скопско кале, Тетовско кале, Стоби, Хераклеа и други локалитети. Се работи за реномирани саеми каде има претставници од земји од целиот свет.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk