Кола на кров во пајак

28.07.2016 08:48 | KumanovoNews

Фотографија, автомобил превртен на кров во возило на пајак службата на „Куманово паркинг“, вчера попладне се појави на социјалните мрежи.

Кола на кров во пајак

Пајакот се движи на улицата 11 Октомври, пред полицијата и општината кон периферијата на градот.

Сликата предизвика револт кај граѓаните кои сметаат дека пајак службата подигнала непрописно паркираното возило, па наместо да го постави на тркала го легнала на кров и го оштетила.

Со цел да видиме за што се работи побаравме објаснување од јавното претпријатие „Куманово паркинг“.

„Пајак службата вчера подигнала возило од сообраќајна несреќа во селото Ваксинце. По барање на сообраќајната полиција од СВР Куманово автомобилот „сеат толедо“ е пренесен од местото на несреќата до АМСМ. Бидејќи возилото било оштетно, едниствен начин да се подигне и да се пренесе е како што се гледа на фотографијата, - објасни директорот Фадиљ Шабани.

Тој додава дека возило кое е нормално паркирано нема шанси да се постави на кров во пајакот, единствено што може да се случи при подигање на автомобил може да испадне од каишите или да се оштети некој дел.

                                                           (фото: ФБ)  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk