Коледарите ќе берат бадникови гранчиња во Доброшане

22.11.2013 09:07 | KumanovoNews

Членовите на здружението “Коледари“,  одлучија бадниковите гранчиња за Божиќ да ги берат во населбата Доброшане.

Коледарите ќе берат бадникови гранчиња во Доброшане

Оваа година ќе ги активираме младите членови. Организацијата ќе биде нивна, а ние како постари ќе им помагаме. Целта е тие да ја пренесуваат традицијата како што тоа сме го правеле ние. За кум за 2014 година има повеќе луѓе предложено, но не е одлучено кој ќе биде кум - вели Киро Соларски, секретар на здружение “Коледари“.

Набраните дабови гранчиња пред Бадник на граѓаните ќе им бидат поделени на Градскиот плоштад.

Минатата година бадникови гранчиња се береа во селото Орашац.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk