Коледарите ќе даруваат крв на Кокино

24.04.2013 10:52 | KumanovoNews

 Во недела на Цветници, здружението “Коледари“ организира крводарителска акција на мегалитската опсерваторија Кокино.

Коледарите ќе даруваат крв на Кокино

Коледарите најавија одлична журка во природа и ги повикаа граѓаните што помасовно да се вклучат во акцијата.

Сакаме оваа крводарителска акција да биде на отворен простор и затоа се одлучивме за Кокино. Акцијата ќе се спроведе на падините на опсерваторијата и ќе трае од 11 до 14 часот. Можат да се вклучат нашите членови и сите заинтересирани граѓани, кои ги повикуваме што помасовно да дојдат и да си поминат убаво во природа. Со оваа акција сакаме и да го популаризираме локалитетот и тој дел на козјачието, кој изобилува со прекрасна и недопрена природа. Не организираме превоз, затоа што сакаме граѓаните семејно да излезат од дома, со свои автомобили, и да не бидат ограничени колку ќе се задржат -изјави Зоран Димковски, член на здружението.

Во организацијата се вклучени повеќе кумановски фирми, кои ќе обезбедат оброк и пиење за секој крводарител, а ќе има и музика во живо.

 Како млади коледари и сопственици на угостителски објект сакаме да се приклучиме и да дадеме свој придонес за успешно организирање на крводарителска акција и дружењето на граѓаните. Подршка дадоа и неколку други локални компании како што се: „Марина-лукс„, „Јелен-пиво„ Каменица, музичката група „Скала-бенд„. Целта ни е сите заедно да помогнеме и да собереме што повеќе крводарители- изјави сопственикот на ресторанот Ксмет Виктор Георгиевски.

Здружението “Коледари“ годишно организира по три крводарителси акции, а планира и таа на Кокино да стане традиционална.

Во име на крводарителите граѓаните ги повика да излезат на Кокино, Чедо Макрешански, кој во недела ќе дарува крв по стоти пат, а секретарот на Црвениот крст Иле Митковски се заблагодари на коледарите за долгогодишната подршка и успешна соработка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk