Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението коледари денеска на градскиот плоштад ќе го прослават големиот христијански празник Бадник.
Традиционалната прослава ќе започне во 11.30 часот од локалитетот Касапски круг и по сите православни обичаи коледарите ќе ја посетат црквата Свети Никола каде ќе се изврши примопредавање на кумството. Свеченоста во 12.30 часот ќе продолжи пред Центарот на култура, каде ќе се делат осветени гранчиња, овошје и топла ракија на верниците.
Здружението коледари манифестацијата ја организира по 18. пат и ги повикува граѓаните масовно да го одбележат Христовото раѓање.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk