Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членовите на здружението „Коледари„, по 18 пат денеска го прославија Бадник. Традиционалната манифестацијата започна од црквата „Свети Никола„ каде беше промовиран новиот кум, а продолжи по улиците во централното градско подрачје до Градскиот плоштад.
Таму беше скршена кумовата погача, поделени бадниковите гранчиња, овошје и топла ракија на граѓаните.
„И оваа година се собравме да го прославиме празникот на коледарите. Во изминатите 3-4 дена трајат коледарските денови во кои се спроведоа низа активности. Ние како здружение „Коледари“ сме чувари на традицијата и многу ми е драго што нашата генерција успеја да им ги пренесе обичаите на помладите. Ако пре 50 години нашите предци со коњ го носеле бадникот на плоштадот ние денеска истото го направивме, но во духот на новото време, - изјави Мирослав Доневски, оснивач на Коледари.
Оваа година кум на коледарите е од помладата генерација, бизнисменот Мартин Јакимовски.
„Јас сум почестен што сум кум оваа година. Посебна чест ми е да го носам белото шалче. Ќе се потрудам на секој начин да допринесам за достојно одбележување на празникот и добра забава. Посакувам здравје на сите луѓе, пред се на мојата фамилија и на оние што денеска дојдоа тука. Се надевам дека догодина ќе не има во поголем број независно од временските прилики, - изјави кумот Јакимовски.
Кумановчени , како и секоја година се приклучија на прославата со оро и песна го најавија Христовото раѓање. На верниците не им сметаше ни ладното врме, ни снегот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk