Коледарите избраа кума

21.12.2011 13:07 | KumanovoNews

 Розина Стојковска, докторка во кумановската болница ќе биде кума на прославата на православниот празник Божиќ, која секоја година традиционално ја организира здружението „Коледари„.

Коледарите избраа кума

Оваа година бадниковите гранчиња ќе се берат во селото Романовце.

Многу ми е драго што за првпат, по 11 години постоење избравме кума. Со тоа докажуваме дека во здружението можат рамноправно да членуваат и жените, бидејќи и тие се чувари на традицијата- вели Киро Соларски.  

На 5 јануари, во шумата на селото Романовце, ќе се берат дабови гранчиња. Коледарите во селото ќе замина предпладне со 2 автобуси, камион и повеќе возила. Свеченоста ќе се одржи пред црквата во селото. Организатотите очекуваат на прославата да се вклучат жителите и од останатите етнички заедници.

Прославата на Бадник на 6 јануари ќе се одржи на плоштадот пред Центарот за култура, каде ќе се делат гранчињата, топла ракија и овошје.

Новите и старите бадникари ја продолжуваат традицијата по 11. пат

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk