Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членовите на здружението “Коледари“ интензивно работат на подготовка на прославата на Бадник, која традиционално по 15 пат ќе се одржи на Градскиот плоштад во Куманово.
Според обичаите, коледарите пред неколку дена ги набраа бадниковите гранчиња во атарот на селото Никуљане кај манастирот Забел, кои откако ќе бидат осветени во црквата Свети Никола ќе бидат поделени на верниците.
“Околу 12 часот ќе се одржи веселбата на Градскиот плоштад, каде ќе делиме овошје и грејана ракија на граѓаните. И оваа година ќе има погача со златник. Оној на кого ќе му се падне златникот, ќе го зачлениме во нашето здружение“ - рекоа од “Коледари“.
“Коледари“ веќе 15 години им делат бадникови гранчиња на кумановци со цел да се сочува традицијата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk