Коледарите утре ќе берат бадникови гранки

04.01.2012 16:04 | KumanovoNews

 Здружението на граѓани „Коледари“, утре (четврток) во 10.30 часот од пред зградата на „Комитет„ ќе тргнат во селото Романовце да берат дабови гранчиња за Божиќ.

Коледарите утре ќе берат бадникови гранки

Домаќините ќе ги пречекаат во дворот на црквата во селото, со топла ракија и посна трпеза, по традиционалните православни обичаи за прославување на Божиќ.

Коледарите ќе ги продолжат активностите во петок на Бадник во црквата „Св.Никола„, каде ќе се освети бадниковата погача и гранчињата. Во 11 часот пред Центарот на културата ќе следи културно - уметничка програма, а ќе бидат поделени гранчињата, погачата, топла ракија и чај од новите кумови.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk