Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членови на Здружението „Коледари“ вчера кај манастирот Забел во општина Старо Нагоричане набраа бадникови гранчиња, кои во среда во 12 часот на Градскиот плоштад ќе им бидат поделени на граѓаните.
Традиционално со музика, песна, грејана ракија, чај, на верниците ќе им бидат поделени бесплатно осветени бадникови гранчиња за Бадниковата вечер.
Набравме два камиона со бадникови граничиња и веќе се осветени. Во среда напладне ќе ги поделиме на граѓаните. Младите ја преземаат традицијата што е за пофалба. Ова го правиме 16-та година по ред - рекоа од „Коледари“.
За разлика од претходните години, оваа година манифестацијата нема кум, туку се смета дека сите се кумови. Овие обичаи се практикуваат за да се сочува традицијата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk