Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Судницата е место каде што се докажува и потврдува дали има одговорност или не. И тоа исклучиво преку докази, не со инсинуации и претпоставки, вели пратеникот Мартин Костовски од СДСМ, откако по негова тужба за клевета, осуден е пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој сега обвинува дека пресудата е незаконска и неуставна и бара одговорност од судијата кој ја донесе.
Костовски вели дека Петрушевски не се појавил на судењето во Основен суд Куманово, ниту пак му се извинил за искажаните клевети, кои многу го повредиле.
„Лага е дека пресудата е поради искажано критичко мислење или збор, туку се работи за тврдења кои не се точни. Петрушевски ги пречекори членовите 8 и 10 од Законот за граѓанска одговорност, со намера да наштети на честа и угледот на трето лице, изнесувајќи невистини кои знае или бил должен да зне дека не се вистинити. Се работи за граѓанска, а не за кривична одговорност. Пратеникот не е искучен од граѓанска одговорност“, вели Костовски.
Тој додава дека 120 пратеника не можат да бидат над законот и мора да внимаваат што ќе кажат од говорницата.
Пратеникот Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ е осуден со парична казна од 150 илјади денари затоа што од собраниска говорница упатил навреди и клевета кон Костовски од СДСМ.
Тој од говорницата го обвинил Костовски дека зел канадски пасош за да се спаси од затвор, по објавувањето на закон без потпис и указ од претседателот на државата. Рекол и дека за да гласа за францускиот предлог, Бујар Османи ја вработил неговата сопруга во МНР, како и дека ќе треба да докаже како со чиновничка плата од 50 до 60 илјади денари гради зграда во центарот на Куманово. Го обвинувал и дека земал пари за да вработува лица во градската администрација, како и дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го спасил откако со 1,47 примили алкохол во крвта нападнал двајца негови сограѓани.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk