Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Враќање на кумановскиот спортски дух, овозможување терени и опрема за поттикнување на спортските активности како и ревитализација на градскиот храм на спорт - Соколана се едни од главните приоритети на иницијативата „За наше Куманово” застапени во изборната програма, истакна Филип Колевски, кандидат за советник во идниот Совет на општина Куманово од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ на денешната прес конференција.
„За наше Куманово“ ги најавува следните приоритетни проекти, градење на нови модерни спортски терени со тартан подлога во секое основно и средно училиште и во секоја урбана или месна заедница, каде што во моментот нема. Целосна реконструкција на надворешниот и внатрешниот дел на спортската сала, реконструкција на комплексот Соколана и Градскиот стадион. Исто така, спортскиот комплекс во поранешен Дом на АРМ ќе се реконструира во мултифункционално игралиште со тартан подлога, спортска опрема, реквизити и реконструкција на трибини. Ќе изградиме мото крос патека за адреналински спорт со моторцикли. Нашиот град е олимписки град, град на спортот каде со спроведување на овие проекти ќе се унапредат условите за развој на спортот”, додаде Колевски.
Колевски барајќи ја поддршката за независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски под реден број 80, како и за независната советничка листа под реден број 61 со носителот Ивана Ѓорѓиевска, истакна дека граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ има за цел да ги реализира сите предвидени проекти од програма, кои покрај што се реални и корисни, се и остварливи.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk