Колку директори ќе добие ДУИ?

29.05.2013 10:47 | KumanovoNews

 Најверојатно ДУИ ќе ги добие ЈП “Пазаришта“, ЈП “Куманово - паркинг“, Домот за стари лица “Зафир Сајто“ и Ученичкиот дом “Професор Мијалковиќ“.

Колку директори ќе добие ДУИ?

По официјализирање на коалицијата меѓу Сојузот на иднината и ДУИ, претставниците на двете политички партии сеуште не ја обелоденуваат распределбата на директорските места во јавните претпријатија и институции. И едните и другите тврдат дека преговорите сеуште се во тек и дека во игра се сите опции.

Кумановоњус, неофицијално од партиски избори дознава, дека партиите на Албанците, побарале четири директорски места, две во јавните претпријатија и две во јавни институции, три заменички директорски места и три началнички места во Општината.

Според наши извори, веќе е договорено кадри на ДУИ да раководат со ЈП “Пазаришта“, ЈП “Куманово - паркинг“, Домот за стари лица “Зафир Сајто“ и Ученичкиот дом “Професор Мијалковиќ“, додека за останатото се пеглаат разликите.

 Начелни насоки за некои позиции има. Како ќе се заврши целиот процес ќе видиме, меѓутоа прашањето не е затворено, бидејќи сите места се отворени. Промени ќе има и во јавната администрација и во јавните претпријатија. При тоа ќе бидат запазени законските регулативи во однос на поставување на директорите и ротација на началниците. Во овој момент не го поставуваме како приоритет договорот за раководните места, но тие места ќе бидат пополнети, зависно од квалификациите и менаџерски способности на кандидатите кои ќе бидат предложени. Ниту едно место не е табу тема за оваа политичка гранитура и на маса се конкурсите за раководните места и избор на менаџерите- тврди Дамјановски.

И од ДУИ велат дека за директорските места сеуште се преговара и не се знае што дефинитивно ќе добијат.

Сите предлози се на маса и овие денови ќе се знае точно, но тоа е техничка работа - вели Ридван Асани од ДУИ.

Смените во јавните претпријатија и во општинската администрација се очекуваат во јуни, по конгресот на СДСМ. Во тој период на дел од  директорите ќе им завршат и мандатите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk