Колку потрошила Oпштината лани?

06.07.2012 11:52 | KumanovoNews

 Според податоците од порталот www.fiskalenmonitor.mk општина Куманово лани остварила приходи во висина од 1.226.106.755 денари, од кои најголем процент се од трансфери и донации 860.771.938 денари, а од данок се собрани 292.836.944 денари.

Колку потрошила Oпштината лани?

Расходите лани изнесувале 1.210.770.615 денари. Од нив за плати и надоместоци се потрошени 629.759.598 денари, а за стоки и услуги се одлеале 297.759.660 денари. 57,2% отишле за плати и надоместоци, 24,6% за стоки и услуги и 15,9% за капитални расходи.

За 2010 година општината имала за нијанса помали приходи во однос на 2011, а расходите биле малку поголеми.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk