Коло на српските сестри однесе помош на семејство во Четирце

29.12.2016 10:23 | KumanovoNews

Коло на српските сестри од Куманово вчера однесе новогодишни подароци на семејството Величковиќ и учениците во селото Четирце.

Коло на српските сестри однесе помош на семејство во Четирце

Помошта се состои во фрижидер, училиштен прибор и новогодишни пакетчиња.

„Фрижидерот е донација на Коло на српските сестри од Ниш и Прокупље, а ние по традиција обезбедуваме пакетчиња за учениците. Соработката со ови две здруженија е на многу високо ниво и трае со години, особено кога се работи за учениците“, - изјави Живка Христовска, претседателка на Кумановското коло.

Истовремено членките на здружението го посетија подрачното училиште „Браќа Рибар„ во селото Четирце и однесоа новогодишни пакетчиња на учениците. Наставата во ова училиште се одвива на српски јазик само за три ученика. Соработката е остварена со помош на улителката Катерина Младеновска.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk