Коло на српските сестри одржа книжевна вечер

24.06.2010 13:24 | KumanovoNews

 Коло на српските сестри, по повод Видовден, синоќа во Центарот за култура организираше книжевна вечер. Пред голем број  гости и пријатели на здружението, стихови посветени на Косовскиот бој, читаа Миланка Зафировска и Стојан Арсиќ.

Коло на српските сестри одржа книжевна вечер

  Оваа книжевна вечер ја посветивме на Видовден.Чест ни е што беше присутен амбасадорот  Томислав Ѓурин и другите гости и пријатели на Коло на српските сестри. Тоа ни причинува големо задoволство и чест -рече претседателката Живка Христовска.

Прославата на Видовден српските невладини  организации во Куманово ја продолжуваат утревечер со  голем концерт во Младинскиот културен центар „Козјак„.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk