Колонија Зебрњак во хотел Лав

28.06.2011 11:03 | KumanovoNews

 Девет уметника од Македонија и Србија веќе неколку дена творат на ликовната колонија  Зебрњак, која се одржува во хотелот Лав.

Колонија Зебрњак во хотел Лав

Колонијата за првпат оваа година ја организира невладината организација Коло на српските сестри од Куманово, а ќе трае до четврток кога ќе биде направена завршна продажна изложба на создадените дела.

На колонијата имаме уметници од Скопје, Куманово Врање, Ниш и Алексинац. Тие имаат обврска да направат по две дела, а сретствата од нивната продажба ќе бидат наменети за обновување на споменикот Зебрњак. Имаме предвидено и неколку посети во општината Куманово и Старо Нагоричане, како и на самиот споменик Зебрњак-вели Живка Христовска, претседателка на Коло на српските сестри.

Предпладнето уметниците ги прими градоначалникот Зоран Дамјановски. Тој вети подршка на колонијата и уметниците кои го промовираат нашиот град.

Колонијата Зебрњак е финансирана од Министерствотио за култура на Република Србија. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk