Комбе и кола удриле во автобус

28.05.2014 16:53 | KumanovoNews

Една жена е повредена во верижна сообраќајна несреќа што попладнево се случи на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, на клучката кај бензинската пумпа Роси Петрол.

Комбе и кола удриле во автобус

Сообраќајката е предизвикана околу 18 часот, додека автобусот со патници стоел на коловозот на раскрсницата со цел да сврти кон населбата Пуковско.  Тогаш одзади во него удриле автомобил пасат со кумановски регистарски таблички и комби со битолски таблички.

При тоа е повредена сопатничаката во пасатот која со возило на Брза помош била пренесена во болницата.

Во сообраќајната несреќа причинета е голема матерјална штета на автомобилот пасат и комбито.

Причините за несреќата допрва ќе се утврдуваат.

                                                               (фото архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk