Kомедијата „Здивот на ѓаволот“ на Театар Ловеч од Бугарија вечерва во Центарот за култура во Куманово

09.11.2024 10:57 | KumanovoNews

Романтичната комедија „Здивот на ѓаволот“ на Театар Ловеч од Бугарија, во режија на Боил Банов, по текст на еден од најпреведуваните современи автори Жорди Галсеран, вечерва ќе гостува во Центарот за култура во Куманово. 

Kомедијата „Здивот на ѓаволот“ на Театар Ловеч од Бугарија вечерва во Центарот за култура во Куманово

„Претставата зборува за животот на младите луѓе, нивните борби, желби и мечти. Сижетото е проткаено од интересни ситуации со неочекувани пресврти што ветуваат исклучително задоволство кај гледачите и публиката“, стои во најавата на претставата.

Во претставата играат актерите: Богомила Николова, Борјана Бабанова, Дејан Жеков, Петко Венелинов и специјалниот гостин, Христо Мутафчиев кој е еден од најреномираните актери во Бугарија и претседател на сојузот на синдикатот на бугарските артисти.

Гостувањето е продолжение на меѓународната соработка која Центарот за култура ја има со Театрот од Ловеч.

Претставата започнува во 19 часот, а ќе се игра во малата сала.  

Влезот е слободен со претходна резервација и подигање на  билети на билетара во Центар за култура Куманово.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk