Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Традиционалната акција „Верверичка“ на Комерцијална банка АД Скопје, продолжува и оваа година.
По повод Светскиот ден на штедењето - 31 октомври, банката ќе им отвори штедни книшки, отворено детско штедење „Верверичка“ со износ од 5.000 денари и исто толку штедни касички на сите деца што ќе се родат во текот на денешниов ден до полноќ во Скопје и во други градови во државата во кои банката има свои филијали или експозитури.
Штедна книшка и касичка ќе добијат и дечињата родени во Куманово.
Средствата ќе бидат исплатени само на оние лица што документите ќе ги достават најдоцна до 31 декември оваа година.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk