Комисиите за проценка на штети од утре на терен

13.06.2011 14:02 | KumanovoNews

Три комисии формирани од локалната самоуправа ќе ги проценуваат  штетите од невремето што пред неколку дена го зафати кумановско. Според информациите од Општината, комисиите од утре ќе излезат на терен да ја утврдат фактичката состојба по пријавите на граѓаните.

Комисиите за проценка на штети од утре на терен

Досега има пристигнато околу педесетина пријави, од нив се дел и од цели месни задници. Членовите на комисиите утре ќе го одржат првиот работен состанок,каде што ќе се утврди динамиката на работа на терен - вели Зоран Павловски, раководител на Секторот за даноци.

Од општината апелираат до граѓаните кои сеуште не ги пријавиле претрпените штети тоа да го направат во наскоро време за навремено ги посети комисијата. Извештајот од комисијата ќе биде презентиран на Советот на општината, кој треба да одобри сретства за оштета на граѓаните.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk