Комисијата за односи со заедниците со честитка до Власите

23.05.2012 08:55 | KumanovoNews

 Комисијата за односи меѓу заедниците при Советот на Општината Куманово, на сите граѓани од влашката заедница им го честита Националниот ден на Власите 23 мај.

Комисијата за односи со заедниците со честитка до Власите

На сите мои сограѓани од мое лично име и од името на Комисијата им го честитам празникот на Власите и им посакувам многу здравје и успех. Влашкиот народ како дел од овој град од секогаш се истакнувал како трудољубив и мирољубив народ кој го негува својот јазик и култура, но ги почитува другите. Граѓаните на Куманово само така можат да го градат зедништвото и иднината на своите деца - вели во честитката Маре Костовска, член на Комисијата за односи меѓу заедниците.

Во Куманово живејат околу 840 Власи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk