Комисијата за заразни болести препорачува укинување на сите ковид мерки, освен носење маски во здравствени установи и јавен превоз

27.04.2022 15:39 | Сузана Николиќ

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со ковид-19, освен задолжително носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица.  

Комисијата за заразни болести препорачува укинување на сите ковид мерки, освен носење маски во здравствени установи и јавен превоз

Воедно, Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца.

 Од комисијата потсетуваат дека вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението.  

 „Продолжуваме на дневна основа да ја следиме ситуацијата со ковид-19 и доколку има потреба, ќе бидат препорачани нови мерки“, велат од Комисијата за заразни болести, чии препораки треба да бидат потврдени од Владата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk