Граѓаните му оддадоа почит на Јосип Броз Тито

04.05.2015 10:51 | KumanovoNews

 Граѓаните и членови на Комунистичката партија на Македонија, денеска положија свежо цвеќе пред бистата на Јосип Броз Тито на Градскиот плоштад во Куманово, по повод 35 години од неговата смрт.

Граѓаните му оддадоа почит на Јосип Броз Тито

Велат дека вечно ќе го паметат поранешниот претседател на СФРЈ, бидејќи во негово време се живеело поубаво од денес. Посакуваат некој од политичките лидери да ги повтори или да ги надмине достигнувањата на Тито.

Ќе бидам сосема искрена. Во Титовото време имавме детство, имавме младост, имавме образование, имавме здравство. Значи основните работи ни беа достапни, подадени на дланка, а сега е толку тешко време. Не може еден нормален млад човек да помисли на иднината, а камоли да формира семејство, без работа - вели Олгица Димитриевска од Комунистичка партија на Македонија.

Цвеќе пред бистата на Тито утрово положиле од партијата Титови леви сили, и самоиницијативно граѓани за да му оддадат почит.

Со длабока жал и почит цел живот ќе се сеќавам на него. Беше многу добар политичар и многу добар како човек. И многу привилегии сме имале тогаш. Здравство, школство, слобода на изразување, на комуникација, на се. Тогаш беше преубаво, а сега нека размислуваат тие што ја водат државата“ - рече Методија Петровски, граѓанин.

Тито е роден на 7 мај 1892 година во Кумровец, а почина на 4 мај 1980 година во Љубљана.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk