Концерт на „Ад Либитум“ трио во Центарот за култура во Куманово

16.10.2023 08:36 | Оливера Пешевска

 Во фоајето на Центарот за култура во Куманово, вечарва со почеток во 19 часот концерт ќе одржи триото „Ад Либитум“. Триото го сочинуваат Емилија Кабранова Филипова на пијано, Силвана Чулева Атанасова-флејта и Лазар Соколов-саксофон.

Концерт на „Ад Либитум“ трио во Центарот за култура во Куманово

Програмата кој ја изведуваат е од циклусот „Промузика“ на Сојузот на музички уметници на Македонија (СМУМ).

Триото е формирано во 2015 годинаа на својот репертоар вклучуваат и дела од македонски автори, како што се Љупчо Трајковски-Фис и Кокан Димушевски. Застапени се и дела на словенечкиот композитор Анже Рожман, Артан Хасани од Косово, како и на американскиот композитор Русел Петерсон и латино-американскиот Мигуел дел Агиле.

Досега имаат одржано голем број самостојни концерти во Македонија, но и настапувано на меѓународни фестивали во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија.

Концертот е под покровителство на Министерството за култура,а влезот е слободен за сите заинтересирани.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk