Концерт на Борче Наумоски во Куманово

19.11.2014 09:19 | KumanovoNews

Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот ќе се одржи концерт на гитаристот Борче Наумоски.

Концерт на Борче Наумоски во Куманово

Наумоски е роден 1982 година, средно музичко образование завршил во ДМБУЦ„ Илија Николовски Луј“, а магистрирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје.  Настапувал со камерни состави, а професионалната концертна кариера ха гради со бројни солистички концерти. Добитник е на втора меѓународна награда на Наисус гитар фест. Наумоски работи како редовен професор по гитара во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ Скопје.

На програмата се дела од Лобос, Родриго, Тарега и Џулиани.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk