Kонцерт на дуо Пан во Куманово

18.05.2011 08:27 | KumanovoNews

 Во Центарот за култура  Трајко Прокопиев - Куманово утре вечер  концерт ќе одржи дуото ПАН од Скопје, во состав Билјана Петровска - магистриран пијанист и Петар Колевски - магистриран кларинетист.

Kонцерт на дуо Пан во Куманово

Дуото има разновиден музички репертоар и специфичен сценски настап. Веќе неколку години работи на свое усовршување како концертно дуо при што има настапувано во Скопје,Куманово, Велес, Струмица, Тетово, Битола, Скадар и Драч Албанија. Специфицноста на ова дуо е што популарните композиции од својата концертна програма ги прилагодува и за своите настапи на приеми, коктели, презентации организирани од разни институции и компании.

Репертотарот на дуо Пан освен класични композици содржи и поп, џез, латино, босса нова стандарди.

Дуо Пан досега има снимено два промотивни цд-рома со поп и џез стандарди, а снимено е и цд-ром со популарни класични композиции.

Концертот е со почток во 20 часот во малата сала.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk