Концерт на дуото “EQUILIBRIUM“ во Куманово

22.06.2016 07:43 | KumanovoNews

Во малата сала на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово, утре во 20 часот концерт ќе одржи дуото “EQUILIBRIUM“ од Скопје.

Концерт на дуото “EQUILIBRIUM“ во Куманово

 Дуото го сочинуваат Магдица Димитровска и Александра Стојкова на пијано.

 Магдица Димитровска работи во музичкото училиште “Панче Пешев“ - Куманово како педагог и пијано соработник, успешно работејќи со своите ученици, учествува на повеке Меѓународни натпревари во Р.Македонија и Р.Србија.

Александра Стојкова  вработена во ДМБУЦ “Илија Николовски- Луј“  Скопје, како професор по пијано. Работи со ученици од најмладата возраст и ги воведува во тајните на својот инструмент, за да излезат како вистински професионалци и го продолжат школувањето на повисоките институции.

На програмата се:

W.A.Mozart- Sonata D-dur, K.Debussy- Pettit suita, J.Brahms- Ungarski tanci g-moll i d-moll

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk