Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во малата сала на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре со почеток во 19.30 часот, концерт ќе одржи дувачко трио од Скопје.
Триото го сочинуваат: Татијана Петрушевска обоа, Игор Бакревски кларинет, Марјан Милошевски фагот, сите солисти на Оркестарот на МОБ.
Ова трио е оформено како резултат на долгогодишна соработка на членовите во Оркестарот на МОБ.Целта е да се развие концертна дејност како ансамбл, вон активностите во оркестарот.На програмата ќе бидат изведувани дела од светски композитори а посебен акцент ќе се стави на изведување премиерни дела и дела од Македонски композитори. Членовите на триото се на први позиции во оркестаротн и како инструменталисти забележуваат и соло-рецитали, концерти со други камерни ансамбли и соработка со повеќе професионални оперски куќи, симфониски оркестри во Р.Македонија и во странство.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk