Kонцерт на флејтистката Билјана Камчева во Центарот за култура во Куманово

12.05.2023 13:41 | Оливера Пешевска

Во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечерва со почеток во 19.30 часот ќе се одржи концерт на флејтиската м-р Билјана Камчева. На програмата се дела од музичкиот барок од германските композитори Г.Ф.Телеман и К.Ф.Е.Бах напишани за соло флејта.

Kонцерт на флејтистката Билјана Камчева во Центарот за култура во Куманово

Билјана Камчева е една од најафирмираните музички уметници од помладата генерација.

„Камчева е добитник на високото признание "Успешни млади" за најдобар млад уметник до 35 години за 2020 година, кое го доделува претседателот на државата Стево Пендаровски. Во текот на своите студии на ФМУ-Скопје, добитник е на осум меѓународни и две државни награди“изјави Александар Митрички од Центарот за култура во Куманово.

Таа е една од најактивните музичари на македонската музичка сцена настапувајќи на сите престижни фестивали и музички настани во Македонија, како оперска пејачка, флејтистка, камерен музичар, хорист и оркестрант.

Камчева бележи и солистичка кариера и надвор од границите на Македонија на сцените во Рим, Москва, Софија, Белград, Ниш, Приштина. 

М-р Билјана Камчева е вработена на позицијата хорист во Националната опера и балет, член е на Дувачкиот оркестар на град Скопје како прва флејта и е член е на Хорот „Св. Климент Охридски“ при Соборниот храм во Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk