Концерт на гитаристот Борче Наумоски во Куманово

05.06.2017 10:19 | KumanovoNews

Во малата сала на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“- Куманово, утревечер во 20 часот, концерт ќе одржи  гитаристот Борче Наумоски.

Концерт на гитаристот Борче Наумоски во Куманово

 Дел од програмата ќе биде изведена во придружба на гудачки квартет во состав: Сандра Крстевска - прва виолина, Јелена Туфекчиевска - втора виолина, Тања Трифунова -  виола и Љупка Манчевска - виолончело.

На програма се :Фернандо Сор (1778 –1839) Варијации оп.9, Мауро Џулијани (1781 – 1829)   Росинијана бр.1, Мауро Џулијани (1781 – 1829) КОНЦЕРТ oп.30 за гитара и Гудачки квартет.

Борче Наумовски (35) предава на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, каде во 2016 година е избран за доцент, а работи како професор во ДМБУЦ,, Илија Николовски - Луј‘‘ во Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk