Концерт на камерна музика во „Панче Пешев“

22.04.2017 06:45 | KumanovoNews

Здружението на музички педагози „ПОЛИХИМНИА“ во вторник (25 април), во 18 часот, во музичкото училиштето „Панче Пешев“ ќе одржи концерт „Професори и ученици заедно камерно музицираат".

Концерт на камерна музика во „Панче Пешев“

На концертот ќе настапат ученици од средното музичко училиште “Илија Николовски Луј„ од Скопје и основното музичко училиште „Панче Пешев“ Куманово, кои беа дел од натпреварот по камерна музика, како и професорите Верица Шотаровска (пијано), Николина Е.Тодоровска (флејта), Риана Рамиз (виолина), Маре Бадарева (виолончело), Албана Мустафа (флејта), Даниела Неделковска и Симона М.Мадочкоска (флејти).

Инаку здружението „ПОЛИХИМНИА" од 30 март до 2 април годинава во Скопје, по вторпат беше организатор на Меѓународниот натпревар за ученици и студенти на кој учествуваа натпреварувачи и комисија од 10 држави:Србија, Словенија, Германија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Република Србија, Црна Гора и Македонија. Фестивалот беше затворен со концерт во Даут Пашин Амам на 2. април.

Организаторите на концертот ги повикуваат љубителите на класичната музика и граѓаните на Куманово да присуствуваат на концертот и да уживаат во камерната музика.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk