Концерт на класична музика за децата од градинка

18.05.2016 08:44 | KumanovoNews

Деца од големите групи од градинката „Ангел Шајче“, денеска присуствуваа на концерт во музичко училиште „Панче Пешев“.

Концерт на класична музика за децата од градинка

 Целта на посетата е дечињата да се запознаат со работата на училиштето и да ја развијат љубовта кон музиката.

„Ние имаме традиционална соработка со градинките. Двапати годишно организираме концерт за нашата најмлада публика, пред Нова година нашите ученици одат во градинките, а на крајот на годината тие доаѓаат кај нас. Целта е децата да се запознаат со музичките инструменти, какви звуци произведуваат, да им се приближи класичната музика и да се стекнат со навика за посета на концерти, -рече директорката Ивана Андоновска Свилар.

Дечињата со големо внимание го следеа концертот, а дел од нив се пофалија дека дома имаат музички инструменти.

Децата секогаш со задоволство доаѓаат на концерот. Оние кои се талентирани веќе пројавуваат интерес да изучуваат некој од инструментите, - вели Бојана Поповиќ, проф. по музика во градинката.

Распеани и разиграни, исполнети со впечатоци, децата ветија дека пак ќе дојдат во музичкото училиште.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk