Концерт на Коцевска и Гелебешев во Куманово

29.05.2017 07:41 | KumanovoNews

Во малата сала на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, утревечер во 20 часот, ќе се  одржи  концерт на Александра Коцевска, мецосопран во пијано придружба на Глигор Гелебешев.

Концерт на Коцевска и Гелебешев во Куманово

На програмата се соло песни од : Шопен, Стојков, Рахмањинов и Чајковски.

Александра Коцевска, работи како наставник во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“- Скопје. За време на својата педагошка кариера бележи големи успеси со своите ученици на бројни меѓународни натпревари. Како истакнат педагог е често поканувана како член во жири-комисии на меѓународни натпревари. Од 2015 година се враќа на концертните подиуми.

Глигор Гелебешев со својата сопруга Катерина Гелебешева-Костадиновска го форрмираат пијано-дуото Гелебешеви кое со голем успех настапува на најзначајните фестивали во земјава, но и бројни концерти во странство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk