Концерт на КУД „Панче Пешев“ пред Центарот за култура

23.06.2016 10:43 | KumanovoNews

Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“, утревечер во 20 часот, на платото пред Центарот за култура ќе одржи едночасовен концерт.

Концерт на КУД „Панче Пешев“ пред Центарот за култура

Со тоа започнува одбележувањето на големиот јубилеј 90 години уметничко творење и успешна работа на друштвото.

На концертот ќе настапат изграорци од малата, средна и голема група, кои ќе се претстават со сплет на игри и песни од кумановско.

Почетокот е закажан во 20 часот.

По повод големиот јубилеј, друштвото подготвува монографија и голема културна манифестација,која ќе се одржи на почетокот на октомври.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk