Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Младинскиот оркестар на Центарот за култура Куманово вечерва, 14 фебруари, со почеток во 19 часот ќе одржи концерт посветен на виното и љубовта. На репертоар ќе бидат популарни, добро познати мелодии од домашни, регионални и странски пејачи.
„На концертот ќе настапат и нови членови, но ќе има и посебни изненадувања за публиката. За сите ќе има чаша вино, за целосно уживање во песните за виното и љубовта, но и целокупно доживување на она што го подготвивме“, изјави уметничкиот раководител на орекстарот Александар Митрички, стручен соработник за сценско музичка дејност.
На концертот ќе настапат: Анатасија Филиповска, Мима Младеновска, Филип Гелевски, Вања Петровиќ. гитарските делници ги исполнуваат Филип Стојковски и Марио Тимчевски, на бас гитара- Никола Стојковски и Иван Јовановски, изведувач на клавијатури е Јован Цветковиќ, на дувачки инструменти Иван Стајковски и Дејан Цветковски, а на ударачки Иван Михајловски и Евгениј Свилар.
Младинскиот оркестар постои повеќе повеќе од 4 години и има настапувано на многу манифестации и настани во градот, но одржал и повеќе целовечерни концерти во Куманово. Во 2021 година освои Гранд при на Натпреварот за млади музичари во Штип.
Концертот е традиционален, и ќе се одржи во малата сала на Центарот за култура. Влезот е слободен за сите заинтересирани.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk