Младинскиот оркестар ќе одржи концерт по повод Денот на жената

09.03.2023 07:45 | Оливера Пешевска

 Во малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев “ вчерва во 20 часот концерт  ќе оддржи матичниот Младински оркестар. 

Младинскиот оркестар ќе одржи концерт по повод Денот на жената

„Ќе бидат изведени популарни забавни мелодии, а сите присутни ќе добијат и чаша вино. На концертот секако  се поканети сите љубители на музиката“ изјави Александар Митрички, уметнички раководител и стручен соработник за музичко сценска дејност при Центар за култура.

Во оркестарот членуваат млади луѓе, ентузијасти од кои некои студираат музика или се веќе дипломирани.   Оркестарот настапува постојано и одржува концерти во Куманово, но и пошироко.

Влезот е слободен за сите заинтересирани.


Настанот е во организација на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk