Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, утревечер во 19.30 часот, концерт ќе одржи студентката по пијано Анастасија Грговска.
Гостин ќе биде Оскар Ереш на гитара, а на програмата се дела од Шуман, Николовски, Лобос, Франк.
Анастасија Грговска е родена во 1995 година во Куманово. Студент е на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Марија Ѓошевска. Бележи учества на фестивали како Охридско лето, Есенски музички свечености. Настапува како солист со оркестарот при ДМБУЦ Илија Николовски - Луј, Македонската Филхармонија и Камерниот оркестар на град Перник, Бугарија.
Оскар Ереш е роден во 1994 година во Белград, Србија. Моментално е студент на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје, во класата на проф. Дарко Багески.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk