Концерт на Тошевска, Тодоровски и Наунов

23.12.2014 08:56 | KumanovoNews

Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 18 часот, концерт ќе одржат сопранот Злата Тошевска, басот Дарко Тодоровски и Андреј Наунов на пијано.

Концерт на Тошевска, Тодоровски и Наунов

Дарко Тодоровски (22),  музичкото образование го започнува во основното музичко училиште „Панче Пешев“ во родниот град, а  средното музичко училиште „Илија Николовски - Луј“ завршува соло пеење во класата на проф. Светлана Донковска.

Злата Тошевска е четврта година на ФМУ во Скопје во класата на примадоната Славица Петровска - Галиќ. Во 2013 и 2014 година посетува семинари по пеење во Аврстија во Виена и Лилиенфелд, во Црна Гора во Котор и во Бугарија во Разлог кај примадоната Лили Илиева.

Андреја Наунов е роден во Кочани. Студира на ФМУ каде што дипломира на отсекот пијано во класата на доц. проф. Симон Трпчески како негов прв студент, а во чија класа е и на постдипломските студии. Добитник е на неколку државни награди по камерна музика и пијано и има реализирано повеќе рецитали во републикава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk