Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Проект за меѓуетничка интеграција во образованието ги спои основните музички училишта од Куманово и Охрид.
Учениците денеска одржаа заеднички концерт, а беше потпишан и меморандум за соработка.
Денеска во нашето училиште „Панче Пешев„, на гости ни дојдоа учениците и професорите од музичкото училиште „Методи Патчев„ од Охрид. Заедно го реализираме проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, со одржување на заеднички концерт. За првпат соработуваме, но таа ќе продолжи и во наредниот период со возвратен концерт во Охрид, што ќе се реализира на почетокот на новата учебна година во септември, - изјави Ивана Андоновска-Свилар.
Младите музичари изведоа дела на Моцарт, Брамс, Шостаковиќ, Бетовен и други, на виолина, пијано, кларинет, хармоника и флејта.
Проектот е подржан во УСАИД а има за цел да ја потикне соработката меѓу учениците од различни етнички заедници.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk