Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Оперскиот пејач Дарко Тодоровски, утре во 20 часот, ќе одржи целовечерен концерт насловен „Руски сон", во големата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев".
„Руски сон" претставува циклус од 5 песни од Дмитриј Шостакович, кои ги претставуваат петте дена — пет расположениjа на љубовта.
„По 5 години повторно солистички концерт во Македонија, во мојот роден град. Концертот е посветен на Куманово и 500-годишнината од неговото постоење. Заедно со Анастасија Геговска ви го носиме „Рускиот сон" директно од Москва. Повелете да уживате во музиката и поезиjата на руските Великани“, - вели Тодоровски.
Кумановскиот оперски пејач Дарко Тодоровски е првиот студент и магистрант од Македонија на музичката академија „Гнесин“ во Моска, Русија. Исто така Тодоровски е и дел од тимот кој редовно има настапи во дворот на претседателот на Русија, Владимир Путин.
Проектот е финансиран од Министерството за култура на Република Северна Македонија во соработка со Центарот за култура „Трајко Прокопиев", по повод 500 години Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk