Концерт за 40 години музичка кариера на Нино Величковски, многубројни гости и богата програма за јубилејот

04.11.2023 10:13 | Оливера Пешевска

Целовечерен концерт под наслов „40 години со Нино и песни, љубов и вино“ ќе биде одржан по повод јубилејот на познатиот пејач Нино Величковски. Концертот ќе се одржи во  понеделник, на 6 ноември, со почеток во 19.30 часот во Центарот за култура во Куманово.

Концерт за 40 години музичка кариера на Нино Величковски, многубројни гости и богата програма за јубилејот

На концертот се најавени многубројни еминентни гости и богата програма која е планирана да трае повеќе од 2 часа.
 Водител и аниматор на програмата е актерот Горан Илиќ-Гиле, а на поканата да учествуваат во одбележување на јубилејот се одѕвале многу колеги на Величковски.

 „Ќе настапат Виолета Томовска, Маргица Антевска, Наум Петрески, Перо Христов, Александар и Дац. Како музичка придружба ќе свират „Пријатели“ бенд составен од наши локални музичари, специјално создаден за ова прилика. Тука се и групата Боеми од Битола, Наши Тамбураши од Куманово, групата Табиет од Свети Николе и секако Октетот Куманово од каде потекнав и јас како изведувач“, истакнува Величковски.
 

За овој настан Општина Куманово издвои 50 илјади денари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk