Концерт за класична гитара

28.03.2011 08:46 | KumanovoNews

 Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев” утревечер концерт на класична гитара ќе одржи Тања Јанкова. Концерт ќе се одржи во малата сала  19.30 часот.

Концерт за класична гитара

Тања Јанкова е од Скопје, дипломирала гитара на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Вера Огризовик (Србија), а 2001 год. магистрира на истиот факултет во класата на проф. Пабло Барон (Шпанија). Во 1993 год. освојува прва награда на Републичкиот натпревар за гитара во Скопје и втора  за камерна музика.

Досега има реализирано поголем број концерти во Скопје и другите градови на Македонија. Работи како професор по гитара во ДМБУЦ ,,Илија Николовски-Луј” во Скопје, а од 2005 год. работи како доцент на Факултетот за музичка уметност во Скопје и на Факултетот за музика во Тетово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk