Концертот по повод 35 години независна Македонија вечерва на плоштадот во Куманово

17.08.2026 09:48 | KumanovoNews

На Градскиот плоштад во Куманово вечерва ќе се одржи концертот „Силно светнал ден“, по повод 35 години од независноста на Република Македонија.

Концертот по повод 35 години независна Македонија вечерва на плоштадот во Куманово

Концертот ќе започне во 19:30 часот, а организаторите ги повикуваат граѓаните масовно да присуствуваат.

Музичко-сценската програма обединува различните генерации македонски уметници.

На концертот „Силно светнал ден“ вечерва на плоштадот во Куманово ќе настапат Дупер и Тони Зен, Андријана Јаневска, Бранислав Николов, Вера Милошевска, Сара Мејс, Зуица Лазова, Александар Тарабунов, Полина Тасева, Дарио, Спасен Силјановски, Бојан Стојков, Миле Кузмановски, Дорис Димовска, Игор и Ана Дурловски, Ана Петановска, Димитар Андоновски, Дарко Гроздановски, Лина Пејовска, Андријана Петрушевска, Марија Спасовска и Мина Блажев.

Водители на концертот ќе бидат Игор Џамбазов и Драгана Левенска.

Настанот е дел од програмата за одбележување на 35-годишнината од независноста на државата, а караванот ќе помине низ 11 градови.

 

Advertisement

2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk