Кондуктер во воз земал пари, а не издал билети за сите мигранти

12.02.2016 13:25 | KumanovoNews

С.Б.(46) од Куманово, вработен како кондуктер во воз земал пари од мигранти, но не им издал билети на сите.

Кондуктер во воз земал пари, а не издал билети за сите мигранти

Тој во декември лани во воз кој се движел на релација Гевгелија-Табановце, на Железничка станица Демир Капија на 10 економски мигранти земал  250 евра, а издал само билети за осум патници за 40 евра и заработил незаконски 210 евра.

Полицијата од Неготино против него поднесе кривична пријава за несовесно работење во службата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk