Конфедерацијата на слободни синдикати утре на протест на Градскиот плоштад

05.04.2019 14:06 | KumanovoNews

Конфедерацијата на слободни синдикати (ККС) утре во 12 часот ќе организира протест на Градскиот плоштад во Куманово.

Конфедерацијата на слободни синдикати утре на протест на Градскиот плоштад

На протестот ќе ги повтори барањата за зголемување на платите во јавниот сектор од 1 јануари, согласно покачувањето на минималната плата и исплата на К-15 во јавниот сектор.

Од КСС посочуваат дека минималната плата во изминатата година ипол е зголемена за 25 проценти, а платите во јавниот сектор во одредени дејности се зголемени за пет проценти, а во одредени дејности не се покачени, поради што платите во јавниот сектор се социјална категорија.

Тие најавуваат дека ќе продолжат со нивните активности и за време на претседателската кампања.

(фото-архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk