Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Центарот за меѓукултурен дијалог од Куманово денеска организираше конференција на која младите од земјава и странство дискутираа за младинско учество.
Оваа конференција се одржува по втор пат и целта е да се поттикнат младите да бидат активни во заедницата и да разговараат за младинските политики. На конференцијата беа присутни млади од Македонија, Србија, Бугарија, БИХ, Белгија, Холандија и други земји.
Конференцијата вклучува десет експерти кои што директно имаат свое искуство во работа со млади и учество на млади, на различни нивоа, локално, национално и интернационално ниво. Разговараме кои механизми постојат и што треба да се направи. Овој пат разговараме како младите можат да се охрабрат за младинско учество - изјави Милош Ристовски од ЦИД.
Младите разменија искуства и направија пресек што се сменило од ланската конференција, дали има нови трендови или има некои назадувања.
Нашата улога е да кажеме како младите можат да бидат активни, како можат да учествуваат, на кои проблеми и кои пречки наидуваат. Како е тоа да видиме во Македонија, Бугарија и генерално на европско ниво - вели Јована Вуковиќ од Млади за размена и разбирање.
Конференцијата се одржа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ каде паралелно имаше три работилници.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk